Финска е позната по Nokia и ладното време. Можеби токму затоа и тој бренд на мобилни телефони се помеѓу најиздржливите кога се работи за ледено зимско време. Еве еден интересен график кој покажува резултати од тест на издржливост при ледени услови. На него се гледа кој од телефоните поднесуваат ладно време и како истите реагираат – умираат при константно опаѓање на температурата. За нормална употреба на телефон со touchscreen во зима не се доволни само ракавици специјално наменети за тоа, потребен е и уред кој е издржлив на истите температури.
Најголемите ривали во оваа индустрија ги имаат и најинтересните резултати. Дизајниран во топлата Калифорнија, iPhone 4S е првиот на кој се појавуваат проблеми при работата. На првото намалување на температурата од 0 на -5 степени, на iPhone 4S се појавуваат проблеми со СИМ картичката за на наредното намалување на -10 степени истиот да прекине со работа целосно. Неговиот малку постар брат, iPhone 4, издржал до -20 степени. Затоа пак големиот ривал Galaxy S II, издржа до второто место со прекин на ниски -35 целзиусови степени.
Во најголемиот број на случаи главни причинители за неправилна работа на телефоните при ниски температури се батериите, кои телефоните ги детектираат како празни и истите се гасат. На температури под -10 степени на сите LCD екрани се појавува таканаречениот ”ghosting” ефект на сликата, додека пак AMOLED екраните се покажуваат поотпорни.













![[видео] Првата ТВ реклама за Samsung GALAXY S III [видео] Првата ТВ реклама за Samsung GALAXY S III](http://www.idroid.mk/wp-content/uploads/2012/05/video-prvata-tv-reklama-samsung-galaxy-s-iii-f-150x150.jpg)


