Поголемиот број на mp3 фанатици кои од поодамна слушаат музика на своите компјутери многу добро го познаваат името Winamp. Тој е еден од првите mp3 плеери кои се појавија со објавувањето на оваа технологија.
Од тогаш многу работи се сменети како на пример со појавувањето на iPod-от голем број од корисниците почнаа да користат iTunes за своите музички потреби. Сето тоа е супер доколку имате било каков iOS уред.
Сега сите Winamp фанови може да се израдуваат бидејќи момците од Nullsoft објавија Pro верзија достапна на Android Market за сите оние кои веќе подолго време се навикнати на овој историски mp3 плеер.
Pro верзијата на Winamp со себе носи некои нови функционалности кои не се достапни во стандардната верзија, како на пример:
- Графички Еквилајзер
- Прилагодлив Home Screen
- Прелистување по фолдери
- Кросфејдер
- Беспрекорен тек на музиката
- Поддршка за FLAC аудио
- Нагласувач
- Персонализиран препорачувач за радио станици
- Преслушување на стримови преку URL
- Нема реклами
Доколку веќе ја имате стандардната верзија, слободно можете да ја надрградите преку самата апликација, без да мора да ја презимате дополнително Pro верзијата. Овој начин ќе ве чини помалку одколку да ја купите на ново целата Pro верзија за $4.99.
Winamp Pro Android Market линк за преземање.








![[видео] Првата ТВ реклама за Samsung GALAXY S III [видео] Првата ТВ реклама за Samsung GALAXY S III](http://www.idroid.mk/wp-content/uploads/2012/05/video-prvata-tv-reklama-samsung-galaxy-s-iii-f-150x150.jpg)


